Александар Камендолиев од Неготино е ,слободно може да се каже, најновото откритието на македонската покер сцена. Иако многу млад ,тој веќе има импресивни резултати позади себе освојувајќи повеќе интернационални турнири онлајн и во живо ,како кај нас така и во странство. Веќе еднаш играч на годината за 2023 ,а позади себе има и едно учество на шампионатот во Англија пред две години. Стандарден репрезентативец, тој е сигурен учесник на Светското првенство летово во дресот на Македонската репрезентација !