Играч на годината – април 2014

од ffadmin

На традиционалната манифестација за играч на годината која се одржа во април 2014 беа промовирани новите дресови и спонзорот Винарија Бовин ,а за женски играч на годината по трет беше прогласена бившата мис на Македонија Сузана Ал Салкини .

Специјален гостин на вечерта беше еден од основачите на IFMP и најголемиот спонзор и локомотивата на целиот проект со седиште во Лозана ,Г-дин Гери Бауман кој даде и кратко интервју за Канал5 ТВ . 

Господинот Бауман беше голем пријател на Македонија и за време на неговиот престој го доби највисокото признание од федерацијата “Македонско Сонце “. 

Тој почина по кратко боледување. 

На сликата е со претседателот на МПФ ,Г-динот ПопГонов .

Водители на програмата беа Игор Џамбазов и Тања Петровска од МТВ.

Освен наградите за најдобар играч плакета за благодарност доби тогашниот амбасадор на Македонија со седиште во Виена Г-динот Ѓорги Филипов кој несебично ја подржа Македонската репрезентација за време на квалификациите 2012 година . 

Првиот Капитен на Македонската репрезентација и доајенот на Македонскиот покер Ѓорги Чучук доби признание за успешно водење на тимот. 

На забавата која траеше долго во ноќта беа забележани многу познати фаци од јавниот живот на државата. 


Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар