На барање на главниот спонзор, церемонијата за избор на играч на годината која требаше да се одржи наредниот викенд во Лимак Хотел -Скопје, е одложена за почетокот на идната година за кога е планирана вистинска забава и прослава на 15 годишнината од постоењето на МПФ како и доделување на пехарите за играч на годината за 2023 на Александар Камендолиев и за 2024 на Илија Савевски . Во женска конкуренција носители на престижните трофеи се битолчанките Стојановска(2023) и Анастасиевска (2024) .

Неколку играчи се во борба за насловот играч на годината 2025 ,а престојните големи турнири оваа есен најверојатно ќе бидат решавачки кој ќе биде крунисан со епитетот “играч на годината” . Иако е многу рано да се предвидува ,засега блага предност пред останатите играчи имаат Бојан Влакевски, Александар Трајковски и капитенот на Македонската репрезентација Томче Спасески кој беше MVP на WCOAP2025 во Нотингем минатиот месец.
