Кои Се Најголемите Македонски Покер Таленти

од ffadmin

Јован Наумоски од Охрид  и Александар Камендолиев од Неготино се играчите кои ја разбрануваа покер јавноста последните две години со одличните резултати на покер сцената. Младиот Охриѓанец ја освои македонската онлајн лига и златниот медал ,а покасно и првото место на онлајн Супертурнирот за учество на POKERSTARS Eureka во Кипар ,но тоа не беше се , исто така онлајн, преку покер клубот Стрела тој учествуваше на WSOP во Лас Вегас што го става во редот на најдобрите македонски покер играчи. Неговите студенски обврски во САД не му дозволија да настапи за македонската репрезентација на WCOAP 2025 во Англија .

Александар Камендолиев е играч кој најмногу напредуваше и беше најголемото изненадување во 2023 година на Македонската покер сцена со што го оправда репрезентативниот статус. Со прикажаните резултати тој не само што веќе е стандарден репрезентативец туку и голем адут на нашиот тим за WCOAP2025. 

Александар беше прогласен за најдобар македонски играч во 2023 ,а престижниот трофеј ќе му биде доделен на природната церемонија во септември ,веднаш после WCOAP 2025 во Нотингем, Англија . 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар