Синоќа во Будва заврши третиот ден на главниот настан на Montenegro Championship на кој учество зедоа 414 играчи од цел свет со влез од €1650. Вкупниот награден фонд е над половина милион евра (€571.320), а денес на пладне ќе започне финалниот ден со преостанатите 24 играчи меѓу кои е и нашиот Блерим Имери. Според бројот на чипови Блерим е на седмата позиција со добри шанси за голем успех.
Скопјанецот има нешто повеќе од “average ” чипови пред себе и со оглед на неговото искуство очекуваме барем финална маса.
25то пласираниот синоќа си замина со €3800, а победникот ќе освои €110.000, второпласираниот €75.000 итн.
Касно синоќа му посакавме успех на Блерим, а денес ќе стискаме палци за него !