ПАРИТЕ И ТРОФЕЈОТ ОСТАНАА ВО МАКЕДОНИЈА !

од ffadmin

Заврши третиот Балкански покер шампионат во Македонскиот Лас Вегас а победник е нашиот Дадо Думаниќ од Прилеп ! За разлика од минатиот септември кога нашиот Симон Божиноски од Охрид беше втор, овој пат имаме шампион во ликот на Дадо. Тој во поголемиот дел од турнирот беше чип лидер, а со искуството кое го има успеа да ја зачува односно зголемува предноста до самиот крај. Вреди да се истакне дека на финалната маса имавме уште двајца играчи кои завршија 5ти односно 6ти : Горан Рошкоски (€6.810.00) и Игор Четкович (€5.636.00). Уште едно добро представување на нашите, а следниот шампионат е веќе закажан за идниот март (16-22) ! 

Со оваа победа и освоените €30.000 со зделка Прилепчанецот е сериозен кандидат за играч на годината 2025 ! 

За повеќе информации како да се вклучите во онлајн турнирите за серијата ”  Macedonian Open” преку кои може да освоите влез за мартовскиот “Balkan Poker Championship” #4 кој е со гарантирани €300.000 пишете ни на info@mpf.mk

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар