Синоќа се одржа редовниот “Progressive Bounty”, а со победата Сашо Лекоски влезе во топ10 на “Macedonian Open”. Kako што е познато победникот ќе биде дел од Македонската репрезентација идното лето на WCOAP2026 во Нотингем, Англија. Со уште една финална маса синоќа Андреевски ја задржа лидерската позиција во генералниот пласман бидејќи Боцески од Прилеп не успеа да победи, а второто место за него синоќа значи второ место и на табелата пред третопласираниот Кленковски од Струга .

Ице Боцески моментално втор, со поглед кон Нотингем, Англија . Позади него Петар Филипов исто така ја дебне првата позиција

Веќе во недела како рангиран турнир за “Macedonian Open” ќе се игра петтиот сателит со гарантиран тикет за главниот настан на Балканскиот шампионат во Аполонија за Гарантирани €150.000 ,а регистрациите се отворени за сите. Info@mpf.mk
Вака изгледа моменталната табела:
