Вчера нашите играчи имаа лош старт на шампионатот. Среќата им го сврте грбот додека противникот си “купуваше” на ривер. После првата четвртина се најдовме на самото дно на табелата со едноцифрен број на бодови.

На паузата беше извршена измена и тоа вроди со плод кога Бојкова настапи во “heads up” со победа против претставникот на Северна Ирска ( бивш репрезентативец на С.Ирска во фудбал) што ни донесе 5 поени против директните конкуренти на дното.

Мики Фидановски (NLH) и Софија Џаџева ( PLO) исто така елиминираа по двајца противници што ни донесе нови 10 поени ,а шлаг на вечерта за нашата репрезентација беше победата на капитенот Томче Спасески и 12 бода што значи дека се одлепивме од последната позиција и фативме приклучок кон останатите. Победата психички го дигна моралот кај останатите и за неколку часа(14:00) започнуваме со ден2 со план за приклучок на средината на табелата ,а во вечерниот термин од 19:00 е главниот MTT турнир кога со малку повеќе среќа и добар пласман на тимот можеме со право да се надеваме за вклучување во борбата за медали !