На 3ти декември 2008 година Претседателот на МПФ свечено го отвори покер клубот во Фламинго казино кај граничниот премин Богородица. Интересно е што до тогаш казината Аполонија (бивш хотел Yugo) ,Хит Дојран ( бивш казино Млаз Мрдаја) и Фламинго работеа само за странци. На наше инсистирање Фламинго од 3ти декември 2008 ги отвори вратите и за македонските граѓани ,а таа нова реалност ја прифатија и Аполонија и Хит казино Дојран. Истата практика покасно ја прифати и ново отворениот Princess.
Соработката со МПФ, Фламинго Казино ја продолжи и во 2015 и 2016 година кога во организација на Македонската Покер Федерација се одржаа македонското првенство и Куп на Македонија каде што победници беа Драган Игњатовски од Скопје и Гоце Лушески од Охрид.