На 23ти мај 2022 година со свеченото отварање на плоштадот во Гевгелија започна 5то светско првенство во покер организирано од IFMP .
Првото првенство се одржа во Лондон 2011 година каде што Германија беше првиот светски шампион.
Ирска ја освои титулата на второто првенство ,а Украинците се двојни светски шампиони од последните два шампионати.
Македонија за прв пат е учесник на едно големо натпреварување и тоа како домаќин. Нашата репрезентација беше прва во групата и во случај да не бевме домаќини секако ќе учествувавме на Светскиот собир на најдобрите .
Во Гевгелија допатуваа учесници од 14 држави .
На свечената церемонија дефилираа сите репрезентации (видео) со 8 члена и претседателите на нивните федерации .
На преполниот плоштад се претставија домашните фолклорни групи “Бојмија” од Гевгелија и “Мегдан” од Богданци , а покасно настапија дуото Некст Тајм ,како и Наталија Данаилова со Иван Раденов !

