Синоќа заврши вториот Балкански шампионат во Аполонија Гевгелија, а Македонските покер фанови беа горди со финалната маса и второто место на популарниот Симе од Охрид. Второто место за Божиноски и не е некое големо изненадување ако се знае дека веќе по трети пат игра “heads up” во Аполонија и можеби овој пат очекувавме “трета среќа” и конечно победа ,но неговите покеt десетки ( Т,Т) не издржаа против КЈ на победникот од Данска со Палестинско потекло Ramy Zeraiq кој си замина за Оденсе со €45.791 и пехарот.

Сепак второто место во конкуренција на 546 играчи од регионот, како и од Белгија, Холандија, Данска и Шведска и награден фонд од €270.000 е голем успех со кој Божиноски влезе во сериозна конкуренција за играч на годината 2025.
Двајцата играчи пријателски бргу направија зделка и играа за пехарот и додатни €5000.
Интересно е што на финалната маса имаше пар : Anna Heinlo заврши 5та за €7960 ,а нејзиниот партнер Ahmet Canatan 8ми за €5145 !
Од македонските играчи треба да се истакнат и 11то место за Златко Трипуновски (€3165) и 25то за доајенот на Македонскиот покер Г-дин Ѓорги Чучук (€1355) .
Наскоро ќе биде објавен терминот и за наредниот Балкански шампионат кој исто така ќе биде рангиран и најверојатно ќе се одржи веќе наредниот ноември!