КОЛКУ ДОНИРАШЕ БОЖИНОСКИ ЗА МПФ ?

од ffadmin

За време на WCOAP2025 во Нотингем минатиот август беше покрената иницијатива за “задолжително” донирање од 1% на секој македонски играч кој ќе освои над €5000 на турнир во живо или онлајн. Таа иницијатива беше подржана од сите репрезентативци ( Џаџева ,Бојкова, Фидановски и капитенот Спасески) ,но останува дилемата како тоа да се спроведе во пракса. 

Победникот на турнирот во Аполонија Ramy Zeraiq веќе објави дека ќе донира 10% од добивката за семејствата на жртвите во Палестина од Израелскиот геноцид ,а второпласираниот Божиноски донираше €50 во касата на МПФ . Пред три години 2% од добивката за трето место на  “Clash of Nations”  , Бадев донираше до МПФ која е непрофитабилна организација и единствена која според Македонскиот Олимписки Комитет може да ја представува државата на Европски ,Светски и регионални натпреварувања. Во времиња кога е тешко да се најде спонзор ,а покер клубовите сеуште се мачат да дојдат до легално заработени пари со кои би ја помогнале федерацијата ,секоја донација е добредојдена. 

– Кога секој играч би донирал до 1% во касата на федерацијата тогаш тие би си помогнале на самите себе бидејќи логично е дека најдобрите ќе донираат ,а најдобрите ќе треба да го носат и дресот на Македонија на меѓународни натпреварувања, а трошковите ( учество, патни трошкови, сместување ,храна) треба да бидат платени од касата на федерацијата , изјави капитенот на Македонската репрезентација Томче Спасески 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар