КОЈ Е ИГРАЧОТ ОД СКОПЈЕ ,ДЕНЕС ВО БОРБА ЗА €110.000 ?

од ffadmin

Синоќа во Будва заврши третиот ден на главниот настан на Montenegro Championship на кој учество зедоа 414 играчи од цел свет со влез од €1650. Вкупниот награден фонд е над половина милион евра (€571.320), а денес на пладне ќе започне финалниот ден со преостанатите 24 играчи меѓу кои е и нашиот Блерим Имери. Според бројот на чипови Блерим е на седмата позиција со добри шанси за голем успех.

Скопјанецот има нешто повеќе од  “average ” чипови пред себе и со оглед на неговото искуство очекуваме барем финална маса. 

25то пласираниот синоќа си замина со €3800, а победникот ќе освои €110.000, второпласираниот €75.000 итн. 

Касно синоќа му посакавме успех на Блерим, а денес ќе стискаме палци за него !

info@mpf.mk 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар