“World Poker Tour” наскоро во Македонија ?

од ffadmin

Веќе не е тајна дека Македонската покер федерација склучи договор за партнерство со WPT Global и во моментов се водат преговори за влез на турнејата во Македонија. Повеќе држави во Европа станаа домаќини на познати светски покер брендови, а тука би ги издвоиле Чешка и Словачка, Кипар, Малта, а во последно време интересни стануваат Црна Гора и Бугарија.

Овој тип на рекреација и спорт носи голем број на странски туристи што е од големо значење за Македонската економија. Пред скоро 4 години Македонија беше домаќин на Светското IFMP првенство кога покажавме дека можеме ,умееме и имаме капацитети за големи настани во Македонскиот Лас Вегас. 

Влезот на WPT Global во Македонија ќе значи регуларни натпреварувања во живо барем 2-3 пати во годината.

Во моментов се водат преговори за деталите, а јавноста ќе биде благовремено известена за местото и датумот на одржувањето на турнирите . 

Info@mpf.mk

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар