После 9 години пауза ЕPT се врати во Малта. Како што е познато нашиот најдобар играч зеде учество на овој покер фестивал во Ла Валета каде што во рок од десетина дена се одиграа 72 различни турнири.
Битолчанецот зеде учество на неколку турнири, а на еден од последните турнири #65 со €480 +70 во конкуренција на 37 играчи и награден фонд од €22.560 Илија Савевски го скрши ледот и после две освоени титули на WSOP најпосле освои титула и на EPT PokerStars ( 8- Game Mix) .
Иако наградата за овој турнир беше симболична со €7780 за прво место сепак значи многу за самодовербата на секој играч и секако го става двократниот играч на годината во пол позиција за уште еден наслов играч на годината за 2025! Честитаме Илија !