Синоќа се одигра четвртиот рангиран сателит за главниот настан на “Balkan poker Championship ” со Гарантирани €150.000, а на својот прв настап оваа сезона победи Филип Банев од Скопје.

Младиот скопјанец освен 30 поени освои и учество на главниот настан во Аполонија на 27ми ноември кој е со гарантиран награден фонд од €150.000 ! Отсуството на лидерот Кленковски го искористи репрезентативецот и капитенот на Вардар Покер Шаркс, Андреја Андреевски кој со трето место и шестата финална маса од седум одиграни турнири го превзеде водството со 62 поена пред колегата од Струга со 58. Финални маси повторно обезбедија и Стојчев и Филипов, а на својот прв настап синоќа поени запиша и Чурлинов од Струмица. Сеуште е рано да се прогнозира кој ќе биде победникот на “Macedonian Open” и учесникот на WCOAP2026 во Нотингем идното лето, се игра половина од првата четвртина на серијалот, и до крајот не очекуваат уште 49 турнири (секој четврток и недека) што значи дека време е да се вклучите и вие !
Вака изгледа моменталната табела:
