СИНОЌА ДОДЕЛЕНИ УШТЕ ДВА ТИКЕТА за главниот настан на Balkan Championship #4 во АПОЛОНИЈА !

од ffadmin

Никола ПЕШЕВ синоќа со победа на онлајн сателитот организиран од МПФ го потврди своето учество на главниот настан во Македонскиот Лас Вегас идната недела. Втор заврши Андреја Андреевски кој освен 25 поени исто така освои тикет во вредност од €350 и веќе му диши во вратот на вториот Марио Мојсов од третата позиција во генералниот пласман на табелата. Пешев и Андреевски им се приклучија на Узунов и Камендолиев кои минатата недела го обезбедија своето учество  на главниот настан на Balkan Championship #4 со гарантиран награден фонд од €300.000.

Лидерот на табелата Боцески синоќа беше 5ти и со новите 10 поени ја зацврсти својата позиција на чело на табелата што му носи учество во репрезентацијата на Македонија на WCOAP2026! 

До почетокот на интернационалниот покер фестивал во Аполонија хотел & спа, Гевгелија остануваат уште 7 дена, а преку онлајн сателити остануваат уште 3 шанси ( вторник ,четврток и недела ), првата шанса за пласман е веќе утре со почеток од 20:00 ( касна регистрација до 22:00 ) ! За сите учесници на фестивалот имаме обезбедено сместување од €20 за вечер. 

Регистрациите се отворени за сите ! 

Info@mpf.mk

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар