Турбуленции во македонскиот тим !

од ffadmin

Синоќа македонската репрезентација пристигна во Рим каде ќе престојува викендов на “team building” подготовки пред WCOAP2025 во Нотингем.  Летот од Рим за Нотингем е во понеделник каде што нашите репрезентативци ќе бидат сместени во непосредна близина на култниот “Dust Till Dawn” каде што ќе се игра шампионатот  до 25ти август ! 

Летот од Скопје за Рим имаше одложување од 5 часа, па нашите играчи наместо на ручек ,пристигнаа во вечниот град на вечера. Играчот на годината за 2023 ,младиот и талентиран Камендолиев од Неготино во последен момент го откажа летот поради фамилијарни причини. Раководството на репрезентацијата му посакува се најдобро на Камендолиев и неговото семејство ,и во овој момент ги отфрла сите шпекулации околу причините дали отсуството на играчот е од оправдани или неоправдани причини. На овој шампионат ,со отсуството на младиот Камендолиев, македонската селекција ќе биде составена од искусни и проверени кадри со желба за успех и најпосле враќање со толку посакуваниот медал од еден голем настан каков што е WCOAP. 

Мики Фидановски ( на сликата) е еден мошне искусен и стабилен  покер играч кој се очекува  да донесе цврстина и сигурност во тимот, а тука е и капитенот од последното IFMP 2022, кога бевме домаќини во Гевгелија, Томче Спасески кој повторно се стави на располагање кога е најпотребно ,и секако двете двојни носителки на женски играч на годината Бојкова и Џаџева-Алкасал. Меѓу овие 4 репрезентативци постои вистинско другарство и хемија што е предуслов за голем тимски успех ! 

Пред самиот WCOAP2025  во Нотингем ќе бидат соопштени и премиите за нашите репрезентативци во случај на освојување на медал. 

Благодарност до генералниот спонзор Баџо Компани која е еден од топ10 македонски извозници на  зеленчук и овошје! Се надеваме дека нивната подршка ќе вроди со плод и нашата репрезентација ќе ги израдува љубителите на покерот со медал ! Она што се Анфилд ,Сан Сиро или Ноу Камп во фудбалот ,тоа е “Dust Till Dawn” во светот на покерот. Ќе биде голема привилегија да се представува Македонија на ваков голем настан. 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар