Ѓорѓи Чучук е најдобро пласираниот Македонец синоќа!

од ffadmin

По завршувањето на ден1Ц и 1Д синоќа на Балканскиот покер шампионат во Аполонија хотел, казино & СПА, најдобар резултат имаше првиот капитен во историјата на македонскиот покер од квалификациите за ЕП во Виена 2012,  Г-динот Ѓорѓи Чучук. 

Ветеранот се пласираше за ден2 со 609К и од Македонскиот контингент на играчи од него подобар е единствено Симон Божиновски со 724К од ден1А што го става на 7та позиција на табелата пред започнувањето на ДЕН1е hyper од 11:00h ( 10мин блинда)  што е последната шанса за влез во ден2 од 17:00 каде што веќе се пласирани 99 играчи . 

Од почетокот на шампионатот, за главниот настан досега се регистрирани 546 играчи со 212 повторeни влезови (rebuy) и веќе е надмината таргетираната гарантирана сума од €225К ! Сигурно е дека вкупниот награден фонд ќе изнесува над €250К до €300К , а меѓу играчите кои сигурно ќе земат дел од тој “колач” се и :

Игор Ќетковиќ               576К 

Златко Трипуновски    335К

Огнен  Газевски            206К

Мики  Фидановски      163К

Бобан  Младеновски   136К

Петар   Савевски           102К

Коки     Атанасов              87К 

Васко  Георгиевски         11К 

Освен Ден2 на главниот настан ,денес на програмата е и “Monster Deep Stack” со почеток од 20:00 

Buy in €150 co 60K ,20min blinds ,unlimited re-entry до 12ти левел ! 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар