Деса Косаркоска :
Минатата вечер, мојот син Александар постигна успех од светски рамки во Малта, победувајќи во конкуренција од рекордни 2.147 учесници од целиот свет. Како мајка, покрај огромната гордост, чувствувам должност да споделам збор-два за тоа што всушност претставува овој успех.
Зад оваа победа не стои „среќа“ или „коцка“. Во модерниот свет, турнирскиот покер со години е признаен како врвен мисловен спорт (mind sport) – исто како шахот. Тоа е игра на чиста математика, теорија на веројатност, логика, длабока психологија и нечовечка ментална издржливост. Ова е дисциплина каде со часови и денови се прават илјадници пресметки под огромен притисок, каде секој потег е резултат на сериозна аналитичка мисла.
На овие престижни интернационални фестивали не се натпреваруваат коцкари, туку високообразовани млади луѓе, математичари и стратези. Дипломата и силниот логички ум кој Александар го имаше уште од мал, беа неговото главно оружје за да се искачи на самиот врв во Европа.
Среќна сум што неговиот интелект, дисциплина и фокус му донесоа вакво признание. ВИ благодарам на сите искрени честитки и поддршка од нашите пријатели и сограѓани кои ја препознаваат вистинската вредност на овој успех! Браво сине! 

На здравје победата! 

THINK!!!


