На уште три недели пред почетокот на WSOAP2026 во Манчестер, Англија објавен е поширокиот список на играчи за Македонската селекција ,а новина е тоа дека годинава сигурно ќе има некој дебитант во националниот тим.
Заради оправдани причини својот настап годинава го откажаа Мики Фидановски, Илија Савевски, Софија Џаџева и играчот на годината за 2025 Дадо Думаниќ, а победникот на онлајн лигата Ице Боцески од Прилеп е сеуште во неизвесност за добивање на Британската виза.
Поширокиот список на репрезентативци за WSOAP2026 во Манчестер :
1. Томче Спасески Скопје
2. Жаклина Маневска Скопје
3. Томе Јанев Струмица
4. Симон Божиновски Охрид
5. Елена Бојкова Скопје
6. Ице Боцески Прилеп
7. А. Камендолиев Неготино
8. Блерим Имери Скопје
9. Никола Крстевски Куманово
10. Самир Куч Скопје
11.Драган Игњатовски Скопје
12. Стефан Штрков Штип
До крајот на идната недела овој список ќе мора да биде преполовен кога ќе биде испратен официјалниот состав од најмногу шест играчи (4+2) до организаторот во Манчестер. Нашата селекција најверојатно ќе патува на 3ти август од Солун директно за Манчестер, а веќе наредниот ден започнува шампионатот. Дали ќе биде трета среќа за нашите, останува да видиме !