Не е секој ден велигден ! По повод Христовото воскресение и најголемиот христијански празник на заедничка иницијатива претседателот на МПФ, Г-дин Поп-Гонов и Г-дин Зафиров (дипломиран психолог, промотор на семејните вредности и скоро 30 години учесник на светски натпреварувања со многубројни признанија) постигнаа договор за соработка која веднаш стапува во сила.
Специјално изработената програма предвидува да создаде стабилен ,дисциплиниран и ментално здрав играч бидејќи покерот како игра бара концентрација, самоконтрола и стабилна психа.
Програмата гарантира контрола на ризичното однесување, подобрување на менталната стабилност, намалување на зависничките модели, создавање здрав животен стил како и подобрување на физичката кондиција.
Таргет на програмата се активните покер играчи, лица под стрес и лица со ризик од зависност.
Ова партнерство ќе создаде нови стандарди каде што играта и одговорноста одат заедно.
Програмата трае 3 месеци, а тренерот Тоше Зафиров специјално за членовите на МПФ понуди 20% велигденски попуст (намаление), додека МПФ како општествено одговорна организација, на веќе специјалната цена, додатно ќе ги покрие 50% од трошковите за своите членови !
Честит празник , Христос воскресе – Навистина воскресе 
За детали контакт :
Тоше Зафиров
+389 78444443